После првиот инцидент во мај, кога фудбалерот беше уапсен поради вознемирување на јавноста, сега повторно е уапсен поради истиот прекршок.
Фарид Ел Мелали е уапсен вторпат во два месеци поради самозадоволување во јавност, а на почетокот на мај го пријавиле соседите. Тогаш зе бранел со 'незнаење'.
„Не го насочил однесувањето кон некој и не бил агресивен. Мислел дека е сам во дворот“, изјавила неговата адвокатка тогаш.
Тој прв инцидент се случил само неколку часа откако потпишал договор со Анжер.
Подоцна овој 23-годишник се извинил, но малкумина му поверувале, бидејќи и претходно бил пријавен поради истата причина, само што на крајот никој не сакал да сведочи.
Му се заканува затворска казна и околу 15.000 евра казна, а адвокатката во судот и јавноста уште еднаш во име на Фарид пренела 'длабоки и искрени извинувања до сите кои биле вознемирени од неговото непримерно однесување'.
Фаред оваа сезона претрпел многу повреди, но во осум настапи дал пет голови и го уверил работодавецот да му даде нов договор.