Прашање на живот и смрт: Научник со помош на свеќа докажал колку маската заштитува од коронавирус

Точка

10/07/2020

17:30

7.746

Големина на фонт

а а а

Научник со помош на една свеќа им објаснил на милиони луѓе зошто е навистина важно да носиме заштитна маска во екот на пандемијата.

Научникот Вилијам Сенфорд Нај, попознат како Научникот Бил Нај, успеал со помош на свеќа да му објасни на светот зошто е важно да носиме маски за време на пандемијата на коронавирусот. 

“Зошто здравствените работници и експерти апелираат да носите маска во јавност? Па, маските спречуваат честичките од мојот респираторен систем да навлезат во вашиот респираторен систем”, ја започнал Бил својата приказна.

Тој потоа објаснува како спречувањето на протокот на воздух е “стар трик”. За подобро да објасни на што мисли, Бил зел шал и го ставил преку уста, а потоа дувнал во запалената свеќа. Пламенот веднаш се изгаснал.

“Овој шал е добар за спречување на студениот воздух да дојде до вашиот врат, сепак во овој случај не е баш ефикасен”, вели научникот.

Тој потоа зел рачно изработена маска, направена од памучна ткаенина и го повторил експериментот. Пламенот се поместил, но свеќата и понатаму останала да гори.

Во следното видео го испробал експериментот со N-95 маска, а пламенот едвај се поместил.

“Зошто бараме од вас да носите маски? За да ве заштитиме, секако. Но, она што е многу поважно е што сакам да се заштитам себеси од вас”, вели Нај и додава дека носењето на маска е навистина “прашање на живот и смрт”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг