Поглед кон иднината: Сопствениците на најголемиот 3D печатач во Европа ја направија првата двокатна куќа, изгледа неверојатно

Супермен

20/07/2020

16:22

2.577

Големина на фонт

а а а

Ова е првата двокатница која што ја испечатил 3D печатач, а во себе има се што е потребно за удобен живот.

Иднината на градежната индустрија можеби повеќе нема да зависи од тоа дали на пазарот има доволно квалификуван кадар или пак не.

Имено, ѕидарите би можеле да се заменат со 3D печатачи.


Како би изгледало сето тоа, покажала белгиската градежна компанија „Kamp C“ која што е сопственик на најголемиот 3D печатач во Европа.

Принтерот користи посебна мешавина од бетон, па успеал да испечати куќа од два ката и тоа во релативно краток рок.

Досега со помош на 3D печатач биле испечатени приземја во состав на различни објекти во целиот дел од светот, но ова е првпат со помош на 3D печатач да се испечати двокатница.


Конечниот резултат е куќа со големина од 90 метри квадратни, која што е доволно голема за живеење, а направена е на брз и евтин начин за разлика од класичното градење куќи.

„Материјалот е три пати помоќен од оној кој што се користи во конвенционалното градење на дом, а намалена е и количината на железо кое што вообичаено се користи“ - изјавиле од компанијата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk