Гејтс го прозва Илон Маск, па му порача да ''замолчи'': „Изработува прекрасни ракети и автомобили, но...“

Супермен

29/07/2020

14:27

5.819

Големина на фонт

а а а

Основачот на „Мајкрософт“ признава дека интернетот и социјалните мрежи му се погодни за ширење на лажните вести.

Бил Гејтс го критикуваше сопственикот на компаниите „Tesla “ и „SpaceX“, Илон Маск, поради (дез)информациите кои што ги шири околу коронавирусот затоа што смета дека не е компетентен за да зборува за тоа.

Гејтс за „CNBC“ зборувал за вестите, кои што можат да се најдат на интернет и на социјалните мрежи, а потоа разговарал насочен кон ексцентричниот милијардер.

Маск во своите објави на Твитер често ги коментирал опасностите од вирусот, коментирајќи ги жртвите од Ковид-19 и тврдел дека децата се ''во основа'' имуни на болеста, пренесува „Futurism“.


Невистините брзо се шират

„Не е баш вклучен во проектот на вакцината. Тој изработва прекрасни електрични автомобили и неговите ракети се добри. Се надевам дека нема да ги коментира работите во кои што не е доволно упатен“.

Секако, работите ниту почнуваат, ниту завршуваат со Илон Маск. Гејтс признава дека интернетот и социјалните мрежи се погодни за ширењето на лажните вести.

„Кога ќе им овозможите на луѓето јавно да коментираат, мора да бидете подготвени дека неточните информации можат побрзо да се шират од вистината. И тоа се случува со вакцината од почетокот“ - заклучил основачит на „Мајкрософт“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk