Инстаграм “фатен на дело”: Користи камера дури и корисниците не фотографираат ништо

Супермен

30/07/2020

11:57

2.687

Големина на фонт

а а а

Една од функциите на оперативниот систем “iOS 14” за која најмногу се зборува, е увид во активноста на апликациите и податоците кои тие ги користат.

Така, на пример, некои корисници забележале зелен симбол кој означува дека камерата е вклучена додека прегледуваат објави на Инстаграм, дури и кога не фотографираат ниту снимаат. 

Портпаролот на Инстаграм рекол дека станува збор за “баг” и дека ќе се потрудат што побрзо да го исправат. Како што вели, во апликацијата се наоѓа посебен “Create Mode” кој се активира преку камера, па тоа би можело да го активира и индикаторот на камерата. Исто така, пристапувањето кон ова би можело да се случи и во текот на обично прегледување на објавите.


“Пристапуваме до камерата само кога имаме дозвола – на пример, кога повлекувате со прстот за да ја вклучите. Увидовме дека станува збор за “баг” на оперативниот систем, каде активноста на камерата е препознаена, а таа е исклучена. Не пристапуваме до вашите камери и не снимаме ништо”, истакнал портпаролот.

Се чини дека станува збор за уште една агресивна мерка со која “iOS 14” сака да застане на патот на рушењето на приватноста и да ги заштити корисниците.

Покрај тоа што открива кога некоја апликација користи камера, исто така дава увид и во некои други активности како што е прегледувањето на “clipboard” (виртуелно место каде се наоѓаат копирани текстови), каде неодамна беше “фатен” и “ТикТок”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk