„Зад мојот успех стои совладувањето на само една вештина. Таа промени сè“

Супермен

31/07/2020

13:52

3.882

Големина на фонт

а а а

Бил Гејтс го основаше „Microsoft“ во далечната 1975-та година, кога технолошките компании беа на самиот почеток.

Бил Гејтс е доволно контроверзна личност што нема рамнодушен човек на она што тој го прави: или го сакаат или не, но доволно е богат и успешен (тој е втор најимотен човек во светот), поради што му веруваме за многу работи кои што ќе ги каже во врска со бизнисот.

Кога минатата година им се обраќаше на децата во училиште, онаму каде што тој се образувал, изјавил дека не можeл да ги реализира своите идеи сè додека не развил една вештина, а тоа е да го пронајде вистинскиот работник за одредена работа кој ќе го вработи.


Имено, како што објаснил тој, ''делегирањето'' станало потреба со растот на „Microsoft“ и поради тоа било многу важно да се најдат професионалци за работа.

За него тоа на почеток било многу тешко, затоа што сè сам програмирал, а завршил и добар дел од другите активности.

„Сакав мојата компанија да прерасне во гигант и затоа морав да научам како да ја делегирам работата, односно како да најдам луѓе од доверба. Дури тогаш успеав, и можев да се опуштам“ - вели тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk