Хрватите со денови зјапаат во неа: Мегалуксузната јахта на Меџик Џонсон од 150 милиони долари остава без здив

Супермен

04/08/2020

21:15

10.538

Големина на фонт

а а а

Легендарниот американски кошаркар Меџик Џонсон моментално ужива на одмор во Хрватска.

Петкратниот шампион на НБА пристигнал на хрватското приморје на импозантна јахта која вреди неверојатни 150 милиони долари, а луксузното пловило привлекло огромно внимание кај Хрватите. 


Јахтата наречена “Aquila” е направена во 2010 година и е долга неверојатни 85 метри. Тоа е најголемото американско пловило за лична употреба уште од дамнешната 1930 година. Меѓутоа, пред 4 години била целосно реновирана, па и во таа конкуренција повторно добила признание.


Интересно, таа е предвидена за само 12 гости, а за неа се грижат дури 28 членови на екипажот. Верувале или не, изнајмувањето на оваа убавица на 7 дена изнесува 945.000 долари.


Јахтата поседува кино, теретана, соба за масажа, спа, џакузи, ноќен клуб, најмодерна сателитска комуникација, луксузни апартмани, импресивна палуба, ресторан...


Меџик Џонсон по одличната кошаркарска кариера стана исклучително успешен и во бизнисот. Неговото богатство сега е проценето на една милијарда долари.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk