Сите претпоставуваме дека спортистите, музичарите и филмските ѕвезди, како и останатите богаташи, мора да користат најмодерна и најскапа технологија.
Очигледно дека во случајот на Tом Бреди тоа не е така.
Дури и доколку не следите американски фудбал, веројатно се слушнале за Том Бреди - спортската легенда од САД и повеќекратен освојувач на „Super Bowl“.
Според пишувањата на новинарите, Бреди во текот на својата кариера заработил над 200 милиони долари, а моментално е тежок 180 милиони долари, а неодамна потпишал и нов договор вреден 50 милиони долари.
Со оглед на тоа што заработува толку многу пари, се очекува во џебот да носи полуксузен мобилен телефон, но фотографијата која што неодамна ја објавил на социјалната мрежа Твитер покажала дека Бреди не купил нов телефон од 2014-та година.
Tom Brady still uses an iPhone 6 I see why he needed that Tampa contract that man is down bad pic.twitter.com/feYjcKl0Nj
— Céad Míle Fáilte (@ColeyMick) August 2, 2020
Имено, на фотографијата на која што акцентот треба да биде ставен на високата температура, корисниците на Твитер воочиле дека неговиот автомобил е поврзан со iPhone 6 Plus.
Следниот месец „Apple“ би требало да го претстави iPhone 12, па тогаш многу е јасно колку телефонот на Бреди е стар, па поради тоа многу од корисниците на Твитер почнале да се шегуваат на сметка на спортистот.