'Замрзнат' во времето: Сите мислат дека има 30 години, но...

Супермен

05/08/2020

15:39

5.433

Големина на фонт

а а а

Инфлуенсерот Едсон Брендон има дури 53 години, а изгледа како најмногу да има 30.

Овој писател и личен тренер, тврди дека никогаш не направил пластична операција и дека неговиот млад изглед е резултат на добра исхрана, тренинг и нега на кожата.

Брендон вели дека своето тело го смета за храм и дека затоа избегнува шеќер, преработена и пржена храна и дека никогаш не пуши и не пие. Пие само минерална вода и тоа најмалку 2 литри на ден.

„Не постои разлика во тоа како се чувствував кога имав 20 години и како се чувствувам сега. Ја имам истата енергија како претходно. Да бидам искрен, се чувствувам дури и подобро. Луѓето се шокираат кога ќе им кажам дека имам 53 години, сите мислат дека имам 25“, раскажува Холанѓанецот.

Едсон секојдневно тренира, но тврди дека голема улога за неговата добра форма има и позитивното размислување, бидејќи тоа добро влијае и на телото и на умот. Исто така, важен дел е и исхраната, а на неговото мени има свежо смути од овошје, млеко од бадем, житарки, вегански палачинки, бела риба, пилешко со зеленчук, интегрален ориз, благ компир, лосос, печурки, салата...

„Јас сум доказ дека човек може да изгледа и да се чувствува младо дури и кога ќе остари. Првиот чекор кон тоа е да се прифатите себе. Добри сте такви какви што сте. Потоа треба да направите секојдневна рутина - нега на кожата, вежби, исхрана. Секогаш гледајте ја светлата страна на животот и заблагодарувајте се за она што го имате“, заклучил младоликиот 53-годишник.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk