Украинската манекенка Дарие Кирилиук (24) тврди дека била претепана од чуварите на плажата Момо во туристичкото одморалиште Чезма.
Како доказ објавила фотографија на која е облеана во крв, со пукната аркада.
„Не сакам да молчам, сакам само да кажам што ми се случи на мене, на моето момче и нашите пријатели. Нè нападнаа чуварите на плажата. Четири девојки, вклучувајќи ме и мене, бевме удирани по лицето, а момците од друштвото се тешко повредени. Пријавивме во полиција“, напишала таа.
Од друга страна, раководството на плажата соопштило дека групата во која била манекенката се степала, а чуварите само ги раздвоиле.