Познат тренер советува кои 5 работи треба да ги правите ако сакате да се ослободите од “пивскиот стомак”

Супермен

06/08/2020

15:57

4.202

Големина на фонт

а а а

Иако некои веруваат дека со помош на чудесни чаеви и суплементи може да се добијат стомачни мускули за само неколку недели, јасно е дека тврдокорното сало на стомакот не може да се елиминира само со помош на напитоци.

Затоа познатиот тренер Сем Вуд одлучил да ги открие 5-те нешта кои тој ги практикува: 

Јадете вистинска храна

Прво и најважно е да обрнете внимание на она што го јадете. Вуд вели дека е потребно да ја исфрлите процесираната храна и рафинираниот шеќер од вашата исхрана и внесот на алкохол да го сведете на минимум.

“Јадете вистинска храна од природни извори и фокусирајте се на урамнотежен внес на здрави масти, јаглехидрати и протеини и водете грижа за големината на порциите”, вели тој за порталот “Body and Soul”.


Вметнете вежби со отпор во вашиот тренинг

Кардио вежбите се одлични, но тие не можат да ги заменат тежините. Тоа не значи дека треба да вежбате со тешки тегови или да станете бодибилдер, но тренингот со отпор е одличен избор. Вежбите се прават со сопствена телесна тежина или со реквизити како еластични траки и медицинска топка.

“Сè што користите, а создава отпор се смета за вежба со отпор. Тие согоруваат калории и по завршувањето на тренингот”, вели Вуд.

Намалете го внесот на алкохол

Сите знаат дека алкохолот е невозможно да се избегне во целост, но можете да го намалите неговиот внес на минимум – тоа ќе направи чуда за вашиот стомак.


Внимавајте на стресот

Стресот е најголемиот непријател на виткиот струк бидејќи ги ослободува хормоните адреналин и кортизол кои влијаат на квалитетот на сон, желбата за слатки, дигестијата и дебелеењето.

“Пронајдете некоја техника за елиминирање на стресот и секојдневно практикувајте ја”, советува тренерот.


Не го занемарувајте сонот

Сонот е многу важен – на еден возрасен човек му се потребни 7 до 9 часа квалитетен ноќен одмор. Недостатокот на сон предизвикува зголемено ниво на кортизол, нè тера да јадеме брза и масна храна, да го прескокнуваме тренингот итн.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk