Топ 10: Volkswagen Golf и натаму најпродаван во Европа

Точка

06/08/2020

16:29

3.665

Големина на фонт

а а а

Со 134,045 испорачани примероци во првите шест месеци од 2020-та година, Volkswagen Golf е најпродаваниот автомобил во Европа.

Ова го покажуваат податоците од 44 европски пазари, од Русија до Португалија. Сепак, и покрај првата позиција на Golf, во Volkswagen како и кај останатите производители, немаат причина за славје. Имено, во периодот јануари - јуни, продадени се 45,9% помалку Golf автомобили во споредба со истиот период минатата година.

На второто место се најде Renault Clio со 133,950 испорачани возила, со пад од 27%, додека на третото место се наоѓа уште еден модел на Volkswagen - Polo со 103,620 продадени автомобили, односно пад од 43,4%.


Volkwagen ја држи и четвртата позиција на листата со најпродавани модели во Европа со Tiguan (99,559 продадени примероци и пад од 35,8%), додека на петтото место се најде Skoda Octavia со 93,588 продадени примероци и пад од 32,9%.

Топ 10-те најпродавани модели во Европа ги заокружуваат Ford Focus (88,936; -35,1%), Peugeot 208 (84,171; -35,4%), Opel Corsa (83,009; -34,2%), Nissan Qashqai (80,091; -39,4%) и Ford Fiesta (72,413; -43.5%).



Спонзорирани линкови

Маркетинг