“Толку убав што боли”. Фокс објавила фотографија со новото момче, нејзиниот поранешен сопруг со “контра удар”

Точка

06/08/2020

17:55

7.238

Големина на фонт

а а а

Изгледа дека поранешниот сопруг на Меган Фокс, актерот Брајан Остин Грин, сепак не го прифатил толку добро разводот како што тоа сакаше да го претстави во мај оваа година, кога отворено зборуваше за нивната разделба по 10 години брак.

Имено, Меган набрзо по разводот ја потврди врската со раперот Машин Ган Кели, а вчера на својот профил на Инстаграм ја објави и првата заедничка фотографија. 

“Толку убаво момче што боли. Моето срце е твое”, напишала Меган под црно-белата фотографија на која позира со Машин Ган Кели.

На Грин не му требало долго време индиректно да реагира на ваквата објава – актерот објавил низа фотографии на кои се наоѓаат нивните 3 деца: Ноа, Боди и Џорни како и неговиот најстар син од првиот брак, Касиус.

“Толку убави деца што боли. Моето срце е ваше”, напишал Брајан, алудирајќи на објавата на Меган.

“Најдобар одговор на сите времиња”, “Така е, тие се на првото место”, “Многу подобра објава од нејзината”, се само некои од коментарите под фотографијата, но имало и такви кои сметаат дека Брајан претерал:

“Твоите деца се позрели од тебе”, “Јасно ми е зошто те оставила, продолжи понатаму”, “Изгледа дека некој е лут”, пишувале фановите во коментари.

За потсетување, Брајан во мај потврди дека Меган и тој се разделиле по 10-годишен брак.



Спонзорирани линкови

Маркетинг