Приказната за 11-годишниот Илче доби среќен крај – од Детската клиника заминува во мал групен дом

Точка

07/08/2020

15:48

2.414

Големина на фонт

а а а

Тажната приказна на 11-годишниот Илче од Охрид која ја потресе македонската јавност конечно доби среќен крај.

Детето кое боледува од церебрална парализа беше напуштено од страна на неговите родители, изнемоштено и гладно. Со помош на министерот Венко Филипче, детето беше донесено во Детската клиника, во лоша здравствена состојба, а за него цело време се грижеа докторите и сестрите од Клиниката, со посебен план за исхрана. 

По 10 дена лекување на Детската клиника, Илче оди во мал групен дом бидејќи неговата мајка која исто така има одреден вид на попреченост, не може соодветно да се грижи за него.

“Илче од Охрид по десеттина дена лекување и нега на Клиниката за детски болести успеа со плеснување на рачињата и едно големо браво да се збогува со тимот лекари кои се грижеа за него. 

Илче здрав и расположен си заминува во мал групен дом. Неговата состојба кога беше хоспитализиран беше тешка, а денеска со надеж дека Илче ќе има шанса за подобар живот го испраќаме седнат расположен за игра и насмеан да влезе во новото семејство.

Огромна почит за сите здравствени работници, тимот психолози, дефектолози, лекарите и сестрите кои цело време се грижеа за него!”, напиша Филипче на својот Фејсбук профил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг