Популарниот Голф 2 „лета“ со 340 километри на час!

Точка

09/08/2020

13:50

4.688

Големина на фонт

а а а

Ова е дефинитивно најбрзиот Голф 2 на светот – опремен е со специјален мотор кој на автомобилот му дава сила практично да „полета“.

Неодамна во Германија беше одржан собир на некои исклучително брзи автомобили, а еден посебно се издвои – Фолксваген Голф 2.

Се разбира, не станува збор за класична верзија, туку модификуван модел со мотор кој испорачува вртоглави 1300 коњски сили, а силата се пренесува на сите четири тркала.

Како што можете да видите на видеото подолу, ваквиот моќен мотор овозможува брутални перформанси, па така овој модел на Голф 2 може да развие максимална брзина од дури 340 километри на час.



Спонзорирани линкови

Маркетинг