Ослабнал 20 килограми за време на карантинот, погледнете ја неговата фантастична трансформација

Супермен

10/08/2020

12:07

1.886

Големина на фонт

а а а

Изолацијата за многумина беше тешка. Престојот во 4 ѕида нè направи помрзеливи, па по завршувањето на карантинот имавме неколку килограми повеќе.

Меѓутоа, дека помеѓу луѓето има и исклучоци докажува и Јутјуберот Арон Бурис кој сфатил дека карантинот е идеална прилика да внесе позитивна промена во својата исхрана и животен стил. По 4 месеци, од 104 килограми Арон стигнал до 84. 

“Ослабнав 20 килограми во карантин. Беше тешко да се биде заробен дома, да му се одолее на седењето на каучот, гледањето Нетфликс и јадењето пица и кекси. За среќа, живеам со мојот брат, тој за мене е голем мотиватор. Ме инспирираше да вежбам, па заедно вежбавме и правилно се исхранувавме и успеав”, вели Јутјуберот.

Арон денес е видливо послаб, но сепак е свесен дека мора да поработи на стомачните мускули, па затоа планира да вклопи кардио вежби во својата рутина. Исто така, губењето на килограми го натерало да работи на своите мускули и сила и да го доведе телото во топ форма до крајот на годината.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk