Тони Надал открил кој од врвните тенисери би го тренирал бидејќи е “добро воспитан”

Супермен

10/08/2020

13:15

1.288

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот тениски тренер Тони Надал зборувал за Ник Кирјос, но и за Доминик Тим и Григор Димитров.

Чичкото на Рафаел Надал и некогашен долгогодишен тренер смета дека е штета што контроверзниот Австралијанец не успева да го искористи талентот кој го поседува. 

Од друга страна, тој додава дека Кирјос на некој начин е добар за тенис бидејќи е поинаков.


“Кирјос е добар за тенис. Денешните деца сакаат да го видат тоа. Јас сум од друга ера, но тоа не е мојот стил. Има огромен природен талент и штета е што не се труди повеќе, но тој донел одлука да ги прави работите на поинаков начин”, изјавил Надал.

Тој стои на ставот дека однесувањето на Кирјос е амбивалентно:

“Сметам дека некои негови однесувања не се воопшто поучни, но не може да се занемари фактот дека на тенисот му дава малку поинаков печат”.


На крајот, Надал зборувал и кој од актуелните тенисери би сакал да го тренира.

“Би сакал да го тренирам Димитров или Тим бидејќи се многу љубезни. Секако дека сакам да тренира добри играчи, но најважно е да се работи со некој кој има желба да слуша и напредувам, оставајќи го своето его настрана”, заклучил некогашниот тренер.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk