НАСА објавила мапа од експлозијата во Бејрут: Погледнете ги сателитските снимки од последиците на детонацијата

Точка

10/08/2020

18:48

5.050

Големина на фонт

а а а

Научниците од НАСА соработувале со своите колеги од Опсерваторијата во Сингапур, за со помош на сателитски податоци да ја проценат штетата која ја нанела експлозијата, која на 4-ти август го опустошила главниот град на Либан.

Според изјавите објавени на официјална веб страна на НАСА, "податоците на синтетскиот радар од вселената ги покажуваат промените на површината на земјата пред и по големи катастрофи како земјотреси", а во овој конкретен случај "се користат за прикажување на разорните резултати од експлозијата", пишува "Sputnik". 

На мапата секој обоен пиксел претставува "површина од 30 метри", со црвени пиксели се обележани подрачјата кои претрпеле најголема штета, со портокалово се обележани "умерено оштетените подрачја", додека "подрачјата обоени со жолто" претрпеле помала штета.

"Мапата содржи податоци кои ги обработува "ESA" (Европската вселенска агенција), а ги анализирале научниците на НАСА и Опсерваторијата во Сингапур", додаваат од американската вселенска агенција, нагласувајќи дека таквите мапи "ќе помогнат да се идентификуваат тешко оштети подрачја кои се приоритет за праќање на помош".

Силната експлозија на 4-ти август го уништила пристаништето во Бејрут и оштетила бројни згради во градот. Притоа животот го загубиле повеќе од 150 луѓе, а повредени биле околу 5.000.

Според наводите на властите, експлозијата ја предизвикале 2.750 тони амониум нитрат, кои со години биле чувани во складиштето на пристаништето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг