Hyundai најави три електрични модели

Точка

10/08/2020

17:34

1.710

Големина на фонт

а а а

Јужнокорејски Hyundai во 2015-та година официјално го креираше својот подбренд за луксузни автомобили под назив Genesis, а сега истото станува и Ioniq, само за електрични возила.

Hyundai веќе најави три електрични модели - првиот е ја носи ознаката Ioniq 5, а станува збор за електричен кросовер базиран на концептот Hyundai 45 кој дебитираше минатата година на Саемот за автомобили во Франкфурт.

Тој се очекува на почетокот на идната година, а вториот модел е Ioniq 6 седанот базиран на концептот Prophecy кој беше претставен на почетокот на оваа година, а продукциската верзија ќе дебитира во 2022-ра година.

Ioniq 7 е третиот модел кој се очекува, а тоа е електричен SUV кој ќе се појави во 2024-та година. Новите модели ќе ја користат платформата наречена Electric Global Modular Platform (E-GMP) која ќе овозможи брзо полнење и голем домет.

Hyundai го стартуваше подбрендот за да ја поддржи Стратегијата 2025 според која оваа компанија има намера да продаде 560 илјади електрични возила. Целта на компанијата е до 2025-та година да стане третиот најголем производител на еколошки прифатливи возила.



Спонзорирани линкови

Маркетинг