Галијани открива: Со Анчелоти останавме зачудени колку изеде Роналдо пред натпревар

Дерби

11/08/2020

12:47

2.043

Големина на фонт

а а а

Адријано Галијани направи урнебесна споредба меѓу Андреа Пирло и Роналдињо и предвиде дека легендарниот италијански играч за врска ќе има успешна тренерска кариера, но покрај ова, во ексклузивното интервју за „Кориере дело Спорт“ сподели и една досега непозната анегдота за уште еден незаборавен Бразилец.

Популарниот „Феномен“ Роналдо е еден од ретките кои можат да се пофалат дека се ценети и сакани од двата лути ривали од Милано, бидејќи покрај тоа што го носеше дресот на Интер, подоцна во кариерата го облече и оној на Милан.

Всушност, Роналдо одигра само една сезона за „росонерите“, но тоа беше доволно Галијани во себе да чува една интересна приказна од првите негови денови како играч на Милан.

– Роналдо беше како Роналдињо, не сакаше да ги студира противниците. Се сеќавам дека еден ден непосредно пред неговиот втор натпревар за нас, изеде две големи чинии со тестенини, а потоа му требаше уште половина леб за да го собере и сосот кој остана. Требаше да играме против Сиена, а јас и Анчелоти останавме зачудени. Му рековме дека утре има натпревар, дека не треба да се прејадува.

– Не погледна и ни одговори: Човекот кој утре ќе ме чува знае дека треба да се справи со Роналдо. Тој ќе има проблем, а не јас. Утредента постигна два гола, едноставно Феномен, – открива Галијани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг