Наоми Кембел за првпат во кампања на Вествуд носи само шапка и сандали

Fashionel.mk

11/08/2020

13:14

2.869

Големина на фонт

а а а

Иако Наоми Кембел и Вивиен Вествуд имаат долг заеднички стаж, дури во 2020 година убавата моделка се појавува како заштитно лице во кампања на познатата дизајнерка.

Нивната прва соработка беше пред 27 години, а се памети и години подоцна. Наоми се сопна на ревијата и падна, носејќи чевли со огромна платформа. Сепак, оваа “несреќа“ и двете успеаја да ја свртат во своја полза и да го направат во момент за прераскажување. 


Иако оттогаш имаа уште многу заеднички ревии и соработки, речиси три децении повторно, Вествуд ја одбира Кембел за свое заштитно лице. 

Дизајнерката изјави дека за новата колекција се инспирирала од митологијата, а на првите фотографии Наоми се појавува сосема гола, носејќи само впечатлива шапка од тул и беж сандали. 


„Верувам дека сите работи се случуваат во свое време. Среќна сум што имав можност да бидам дел од кампања и на мои 49 години. Кога е судено - судено е...“, вели Кембел за странските медиуми. 

Зад фотографиите се потпишува Јерген Телер, а се направени на бел ѕид и неколку неонски светла. 


Инаку, покрај Наоми, во кампањата се појавува и Вивиен Вестувуд, но и нејзиниот сопруг, дизајнер Андреа Кронталер и моделот Кандоура Фисоуру.

Покрај фотографиите, кампањата ја следи и кратко видео.



Спонзорирани линкови

Маркетинг