Пирло уште не седнат на клупата на Јуве му ја покажа вратата на играчот кој заработува богатство во клубот

Дерби

11/08/2020

16:23

6.129

Големина на фонт

а а а

Новиот тренер на Јувентус, Андреа Пирло полека почна да ги презема работите во свои раце и да работи на подобрување на атмосферата во клубот.

Јасно е дека легендарниот поранешен фудбалер за кого ова е прво тренерско искуство ќе направи промени во клубот, а како што пишуваат англиските и италијанските медиуми тие промени ќе започнат од Арон Ремзи.

Пирло јасно стал дознаење дека сака да се ослободи од играчот кој заработува неверојатни 250.000 фунти неделна плата, а кој не покажа речиси ништо во својата прва сезона во Торино.

Арон Ремзи постигна три погодоци и запиша само една асистенција во вкупно 24 натпревари колку што одигра за „Старата дама“ оваа сезона.

Освен од Рамзи, Пирло ќе се обиде да се ослободи и од Гонзало Игуаин, Даниеле Ругани, Сами Кедира, Матија Де Шилјо, а вчера излегоа написи дека Блаз Матуиди веќе се договорил со Интер Мајами каде што ќе ја продолжи својата кариера.



Спонзорирани линкови

Маркетинг