Најголемите стравови на Алфред Хичкок – се плашел дури и од своите сопствени филмови

Точка

12/08/2020

18:07

4.149

Големина на фонт

а а а

На 13-ти август ќе бидат одбележани 121 година од раѓањето на Алфред Хичкок.

Алфред Хичкок е роден на 13-ти август 1899-та година во Лондон.

Бил мајстор на неизвесноста и ''татко на стравот'', а исто така интересен е и неговиот пристап на работа.

Инаку, неговиот нерв особено се огледувал и во неговиот однос со неговите филмови...

Ова се неговите најголеми стравови:

Имал доживотна фобија од полицијата

Кога имал 5 години, татко му го испратил во локална полициска станица, со порака полицајците да го заклучат во ќелија 5 минути, како казна за непослушност. Од тој настан потекнува и неговиот голем страв од полиција.


Се плашел од јајца

Еднаш Хичкок рекол: „Се плашам од јајца. Тој голем круг без една дупка... Дали сте виделе нешто што е поодвратно од жолчка? Крвта е во радосна боја - црвена. Но, жолчката е жолта - ужас. Никогаш не сум пробал“.

Се плашел од сопствени филмови

Алфред изјавил: „Се плашам од своите филмови. Никогаш не сум ги гледал. Не знам како луѓето поднесуваат да ги гледаат моите филмови“.


Волт Дизни не му дозволувал да се снима во Дизниленд

Кралот на цртаните филмови ја одбил молбата на Хичкок да сними филм во текот на 60-те години во Дизниленд. Причината која што ја навел е дека Хичкок го снимил ''тој одвратен филм Psicho“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг