Новиот дом во Санта Барбара: Погледнете во каков луксуз живеат Хари и Меган

Супермен

13/08/2020

13:05

4.197

Големина на фонт

а а а

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл се преселија во нова куќа во Санта Барбара, крајбрежен град во близина на Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија.

За оваа луксузна вила и целиот имот, принцот Хари и Меган Маркл издвоија 14,7 милиони долари.

Војводата и војвотката од Сасекс кои и официјално се повлекоа од кралските должности на британското кралско семејство во април, досега живееа во Лос Анџелес, родниот град на Меган.


Тие често беа вознемирувани од папараците, па решија да се преселат во Санта Барбара, на имот со приватна улица и се надеваат дека тоа ќе ги реши нивните проблеми со медиумите.

Станува збор за луксузна вила со раскошна градина, базен, тениско игралиште и слично.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk