Потрошил милиони, а списокот е долг – бесмислените работи кои што ги купувал, холивудскиот актер го однеле во долгови

Супермен

13/08/2020

14:59

4.299

Големина на фонт

а а а

Ветеранот на Холивуд и акционите блокбастери Николас Кејџ во еден момент бил најбараниот и најплатен актер.

Иако се покажал како талентиран и способен човек, сепак една работа никогаш не ја научил - како да не троши многу пари.

Од почетокот на неговата кариера во 1983-та година богатството се акумулирало и набрзо станал мултимилионер, а тие пари успеал да ги потроши на скапи и често ексцентрични работи.


И покрај таквото трошење пари дури во 2009-та година влегол во долгови затоа што не платил 6.3 милиони долари данок за имот.

Но, пред да се најде во сериозни финансиски проблеми, Кејџ уживал во скапоцени автомобили, егзотични острови, замоци, приватни авиони и јахти.

Очигледно дека Кејџ имал повеќе пари отколку што можел да замисли, затоа што во 2006-та година купил ''проклета'' куќа за 3.4 милиони долари.

##https://twitter.com/MaddyCastro_/status/621896122383118339?s=20##

Тој имот му припаѓал на озлогласениот сериски убиец Мадам Делфин Ла Лори кој што бил дел од високото друштво во Њу Орлеанс.

Надгробната плоча во облик на пирамида на најстарите гробишта во Њу Орлеанс му припаѓа токму на Кејџ, иако не е познато колку платил за овој споменик, тоа секако дека не било ефективно.

##https://twitter.com/domghosthunter/status/1048390921405059072?s=20##

Коски од диносауруси биле на самиот врв од неговите приоритети за купување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk