Шкода ги објави скиците од новиот модел: Изгледа фантастично!

Точка

13/08/2020

16:59

2.175

Големина на фонт

а а а

Шкода ги претстави дизајнерските скици на новиот модел кој го опишува како „прогресивен, експресивен и динамичен“, а во фокусот е надворешноста на автомобилот.

Станува збор за кросовер со должина од 4,648 милиметри, ширина од 1,877 милиметри и висина од 1,618 милиметри, додека меѓуосовинското растојание на автомобилот е 2,765 милиметри.

Моделот Enyaq IV ќе има погон на задните тркала и електромотор со сила од 148 коњски сили (109 kW) кој ќе биде поставени над задната осовина.


Средната верзија на овој електричен кросовер ќе биде опремена со батерија од 62 kWh, што ќе биде доволно за со едно полнење на батеријата да помине 390 километри.


Силата на овој помоќен електромотор кој ќе развива 180 коњски сили (132 kW) исто така ќе се пренесува на задните тркала.




Спонзорирани линкови

Маркетинг