Необичен совет на коосновачот на „Netflix“: „Доколку сакате да бидете успешни, заборавете на книги и курсеви“

Супермен

14/08/2020

15:12

2.427

Големина на фонт

а а а

Коосновчот и некогашен генерален директор на „Netflix“, Марк Рандолф, има неколку едноставни совети за сите оние кои што сакаат да развијат нови работни вештини - да ги прескокнат книгите и курсевите.

„Наместо тоа, доколку навистина сакате да научите работни вештини, смислете начин на кој што ќе можете активно да ги извежбате, работејќи на нив“ - вели првиот извршен директор на „Netflix“.

„На пример, кога треба да прашате некој пријател или пак некој член од вашето семејство за некаква услуга, обидете се да им ја ''продадете'' приказната.

За тоа ви се потребни вештини“ - вели Рандолф.


„Мора да мислите однапред. Кои се моите најважни точки? Што сум видел претходно? Како ќе реагираат луѓето?“ - вели тој.

Самиот Рандол не знаел ништо за бизнисот, за изнајмувањето на видео-касети или пак филмската индустрија, кога во 1997-та година го основал „Netflix“.

„Сакам луѓето да знаат дека не правев ништо посебно, дека било кој друг на светов би можел да го направи истото што го направив јас“ - изјавил Рандолф.

Како што вели тој, младите амбициозни претприемачи нема да го најдат одговорот во книгите:

„Тоа е како да кажете, доколку сакате да бидете професионален бејзбол играч, само да прочитате една добра книга. Не, излези надвор и почни да го удираш топчето“ - вели коосновачот на „Netflix“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk