Легендарниот Тајсон нокаутираше ајкула во 3-та рунда: „Бев исплашен до смрт...“

Супермен

14/08/2020

15:47

3.831

Големина на фонт

а а а

Легендарниот американски боксер Мајк Тајсон, забележал импресивна победа над ајкула која што дефинитивно би можела да се спореди со нокаут во ринг.

Тајсон учествувал во „Недела на ајкули“, која што се прикажува на „Discovery Channel“, па морал да помине три рунди.

Прво бил во кафез, а потоа се нашол во водата, додека пак во третата рунда извел зафат со кој што ја парализирал ајкулата.

Станува збор за тоничка неподвижност која што ајкулата ја парализира на кратко време, а тој трик своевремено го користеле и морнарите.

Откако излегол од водата, Тајсон изјавил:

„Го прифатив овој предизвик за да го надминам мојот страв. Бев преплашен до смрт.

Сè уште се плашам во животот и тоа го споредувам со надминување на стравот од враќањето во ринг.

Од сето ова научив дека можам да се соочам со сè што ме загрижува во животот“ -изјавил Тајсон.

Неговото учество во емисијата било подготовка за враќањето во рингот со натпреватор со Рој Џонс Џуниор кој што требаше да се одржи кон средина на месец септември.

Меѓутоа, според последните информации, борбата е одложена за 28-ми ноември за ветераните да имаат повеќе време за тренинг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk