Холивудската актерка призна – си го исекла вратот, ја удрил гром, па доживеала мозочен удар: „Помислив дека наредниот пат ќе умрам“

Точка

14/08/2020

21:00

4.527

Големина на фонт

а а а

Популарната актерка три пати била на чекор од смртта, па одвај спасила жива глава.

Популарната актерка Шерон Стоун (62), која што се прослави со улогите во многубројни познати филмови, три пати ја избегнала смртта во некои сериозни, но и неверојатни околности.

Имено, актерката како тинејџерка си го исекла вратот и малку фалело да умре, а во 2001-та година имала тежок мозочен удар, додека пак во текот на младоста ја погодил гром со висок напон.


„На 14 години себеси си го исеков вратот, блиску главната вена. Потоа ме погоди гром, а беше многу моќен. Бев дома и ја полнев пеглата со вода, а молњата го погоди бакарот кој што го имаме во дворот“ - раскажала актерката.

„Едната рака и понатаму ми беше под вода, а другата на пеглата и одеднаш - ме удри громот, а водата беше проводникот. За среќа, дома беше мајка ми, која што ме спаси“ - изјавила Шерон.

„Се чувствував како да ме погодиле со куршум“ - изјавила Шерон по мозочниот удар кој што го доживеала во 2001-та година, поради кој девет денови поминала во болница.


Шерон поради мозочниот удар била на операција која што траела седум часа, а докторите ѝ вградиле и спирали во мозокот.

Таа потоа закрепнала целосно, иако докторите ѝ давале само 2 отсто шанси дека ќе преживее.

„Понекогаш помислувам дека следниот пат ќе умрам. Веројатно ќе се случи нешто драматично и лудо“ - се пошегувала актерката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг