Црна Гора ги отвори границите за македонските граѓани

Макфакс

15/08/2020

11:31

1.344

Големина на фонт

а а а

Црна Гора од денеска ги отвори границите за државјаните на Западен Балкан. За влез во оваа земја од денеска е потребен негативен ПЦР или серолошки тест.

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, вчера изјави дека Црна Гора од денеска ќе ги отвори своите граници за граѓаните на Македонија.

„Црна Гора ќе ги отвори своите граници со Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово и западноевропските земји од утре“, објави Мугоса додавајќи дека епидемиолошката состојба со коронавирусот се подобрува во овие земји.

На крајот на мај Црна Гора прогласи крај на епидемијата на својата територија, а веќе на почетокот на јуни целосно ги отвори границите за граѓаните на државите со активен број на заразени под 25 на 100 илјади жители, вклучително и БиХ, додека границите со Србија, Албанија и Македонија останаа затворени поради лошата епидемиолошка состојба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг