"Никогаш нема да ја повториме трагедијата": Јапонија одбележува 75 години од капитулацијата во Втората светска војна

Точка

15/08/2020

11:54

1.322

Големина на фонт

а а а

На 75-годишнината од капитулацијата на Јапонија во Втората светска војна, премиерот Шинзо Абе ветил дека трагедијата на војната никогаш нема да се повтори, а царот Нарухито изразил длабоко каење поради военото минато кое го оптоварува овој дел на светот.

"Најискрено се надевам дека воените пустошења повеќе никогаш нема да се повторат", рекол денес царот Нарухито на официјалната церемонија заедно со царицата Масако. 

И царот и царицата носеле заштитни маски поради пандемијата на коронавирусот.

Нарухито, внук на царот Хирохито, во чие име јапонските царски сили ја воделе војната, е првиот јапонски монарх роден по војната. Го наследил тронот минатата година по абдицирањето на неговиот татко Акихито.

"Никогаш нема да ја повториме трагедијата на војната. Ќе продолжиме да бидеме посветени на тоа одлучно ветување", рекол Абе на официјалната церемонија за загинатите во војната која поради коронавирусот оваа година била во помали размери.

Абе и оваа година пратил ритуални подароци во храмот Јасукуни, кој е посветен на јапонските жртви на Втората светска војна.




Спонзорирани линкови

Маркетинг