Клоп, очекувано, е најдобриот менаџер во Премиер лигата

Макфакс

15/08/2020

12:40

1.336

Големина на фонт

а а а

Очекувано, Јирген Клоп ја доби наградата за најдобар менаџер во Премиер лигата во сезоната 2019/20, уште едно постигнување во шампионската сезона.

Германскиот стручњак ги победи Френк Лампард (Челси), Крис Вајлдер (Шефилд јунајтед) и Брендан Роџерс (Лестер).

„Црвените“ го прекинаа домашниот пост долг 30 години во неверојатна сезона во која завршија со 18 поени пред Манчестер сити, една сезона откако ја освоија и европската титула со победа над Тотенхем. Ливерпул има загубено само два поени пред да загубат со 3:0 од Вотфорд на 29 февруари за крај на победничката низа.

Тие ја освоија титулата на седум натпревари пред крајот на сезоната, рекордно во Премиер лигата, а ова е второ достигнување во сезонските награди во Англија, откако Трент Александер-Арнолд беше прогласен за најдобар млад фудбалер во петокот.

##https://twitter.com/premierleague/status/1294559569927196672?s=20##



Спонзорирани линкови

Маркетинг