Историско апсење во Шпанија: Запленет имот вреден 8 милиони евра, уапсени 75 лица поради марихуана

Точка

15/08/2020

12:54

1.959

Големина на фонт

а а а

Запленети се вкупно 36 објекти и 50 возила чија вредност е поголема од 8 милиони евра, како и речиси 200.000 евра во кеш.

Шпанската цивилна гарда запленила криминално стекнат имот вреден повеќе од осум милиони евра и уапсила 75 лица, поради сомнеж дека учествувале во меѓународна мрежа на трговија со марихуана. 

Мрежата делувала од шпанската провинција Гранада, а акцијата е изведена во соработка со полското истражно биро, соопштил денес Еуропол.

Шпанските инспектори претресле 24 локации и пронашле 2.690 засади на канабис со улична вредност од преку 3 милиони евра.

Запленети се вкупно 36 објекти и 50 возила чија вредност е поголема од 8 милиони евра, како и речиси 200.000 евра во кеш.

На сметката на криминалците блокирани се уште 370.000 евра.

Уапсени се 69 шпански и шест полски државјани, кои се товарат за трговија со дрога и перење на пари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг