Новите фотографии на Никол во бикини го ‘‘разгореа’’ машкиот свет – фановите велат дека нејзиното момче е вистински среќник покрај неа

Точка

15/08/2020

17:17

6.831

Големина на фонт

а а а

Многумина се согласни дека пејачката Никол Шерцингер никогаш претходно не изгледала посексапилно и поубаво од овојпат.

Пејачката Никол, едноставно процвета откако е во љубовна врска со поранешниот рагбист Том Еванс.

Поранешната членка на музичката група „The Pussycat Dolls“, моментално ужива со нејзиното момче на одмор на карпестиот остров Света Луција.

Токму од таа дестинација, Никол објавила нови фотографии на кои што изгледа фантастично.


Шерцингер се фотографирала во бикини, додека лежи, а во далечината се гледа убавото море.

„Го гледам заоѓањето на сонцето од рајот“ – напишала таа покрај фотографиите.

Обожавателите, штом ги виделе новите фотографии веднаш ѝ упатиле прекрасни комплименти, а на нејзиното момче Том му порачале дека е вистински среќник покрај неа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг