Најскап судир, штета од 3,5 милиони: се судриле "Bugatti Chiron", "Porsche 911" и "Mercedes"

Точка

24/08/2020

18:24

3.899

Големина на фонт

а а а

Најскапиот судир во Европа, а можеби и во светот, се случил во една сосема вообичаена сообраќајна ситуација: колона возила се движела зад камп-приколка, а за несреќа, возачите на "Bugatti" и "Porsche" во истата секунда одлучила да претекнуваат.

Несреќата била неизбежна, а освен прескапите "Bugatti Chiron" и "Porsche 911", во судирот учествувале и возилото со камп-приколката и еден "Mercedes". 

По увидот на полицијата во најстариот швајцарскиот кантон Ури, возачот на автомобилот со приколката е полесно повреден и префрлен во болница, а возачите на луксузните автомобили одбиле да потпишат заедничка изјава за сообраќајната несреќа.

Се проценува дека штетата направена при овој судир изнесува околу 3,5 милиони евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг