Луксуз на четири тркала: Ова е новиот Mercedes S-Class

Точка

02/09/2020

19:53

5.657

Големина на фонт

а а а

После неколку седмици чекање, Mercedes конечно целосно го претставија новиот S-Class.

Кралот на класата доби ново „одело“, најнова технологија и бројни иновации. Веднаш на прв поглед блескаат новите дигитални светла кои ги поврзува масивната маска зад која се поставени низа на сензори и радар.


Странично најголемо внимание привлекуваат „сокриените“ рачки од вратите, додека на задната страна можат да се забележат радикалните промени на светлата кои сега наликуваат на оние од веќе претставениот E-Class.


Во внатрешноста доминира големиот "touchscreen" екран на кој се наоѓаат апсолутно сите функции на новиот MBUX инфотејнмент систем. Внатрешноста е целосно дигитализирана и „вештачки интелигентна“ затоа што хардверот и софтверот добија одредени унапредувања, а тоа значи јасни прикази на до пет големи екрани со OLED технологија.


Маневрирањето со оваа 5,32 метри долга лимузина ќе биде дополнително олеснето благодарение на вртењето и на задните тркала до брзина од 60 километри на час. Од Mercedes посветиле големо внимание и на безбедноста, па така автомобилот располага со E-ACTIVE BODY CONTROL, односно каросеријата на автомобилот се подига пред судир со друго возило.


Што се однесува до моторите, на почетокот на купувачите ќе им бидат понудени верзиите S450 4Matic со 435 коњски сили, S350d 4Matic со 286 коњски сили и S400d Matic со 330 коњски сили.


На премиерата беше најавена и plug-in хибридна верзија со домет од дури 100 километри на струја. Секако, наскоро ќе може да се очекуваат и други опции, вклучувајќи ја и целосно електричната верзија EQS која ќе може да помине до 700 километри со едно полнење.



Спонзорирани линкови

Маркетинг