Пежо го претстави новиот 5008

Точка

03/09/2020

20:01

5.077

Големина на фонт

а а а

Францускиот производител го претстави редизајнираниот 5008 кој во продажните салони ќе пристигне веќе во текот на идната година.

Новиот 5008 на Пежо ќе има погон на сите четири тркала и ќе биде наменет за европскиот пазар, а во понудата ќе има бензински трицилиндарски 1,2-литарски мотор, како и бензински 1,6-литарски со четирицилиндарски мотор.


Што се однесува до дизел верзиите, на купувачите ќе им бидат достапни две четирицилиндаски верзии - 1,5-литарски и 2,0-литарски мотор.

Фотогалерија: Ова е новиот Пежо 5008


Подобро опремените модели имаат LED светла, а GT и GT Pack моделите се разликуваат од останатите верзии по посебниот дизајн на решетката на ладилникот, но и новиот сет 19-инчни фелни. Опционално ќе биде достапен и Black Pack пакет на опрема со темни украси на екстериерот.


Кога станува збор за технологијата, новиот 5008 има сè, од адаптивен темпомат со Stop&Go функција, преку Night Vision системот, па до безбедносни системи кои вклучуваат систем на автоматско сопирање во итни ситуации, систем за препознавање на сообраќајни знаци, систем за помош на одржување на позиција во лента и слично.


Пежо 5008 е опремен и со Focal Sound систем од 515 W, како и дводелен панорамски покрив и Handsfree систем за отворање на вратата на багажникот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг