Мапа каква што досега не сте виделе: Погледнете каде се наоѓал вашиот град во времето на диносаурусите...

Точка

05/09/2020

14:00

8.073

Големина на фонт

а а а

Доколку некогаш сте се прашувале како изгледало сè на ова подрачје во „нивно време“ - еве ви можност да видите.

Поранешен инженер на „Google“, Јан Вебстер, развил несекојдневна мапа со помош на која што денес може да погледнете нешто што досега не сте можеле да го видите.

Станува збор за интерактивна мапа која што ви овозможува да проверите каде вашиот роден град се наоѓал на Земјата во периодот пред околу 750 милиони години.

Мапата може да ја погледнете ТУКА.

Инаку, мапата ги следи промените на планетата, како раздвојување на континентите од периодот пред 750 милиони години до денес.


На пример, може да „отидете“ до периодот пред 230 милиони години и да видите каде диносаурусите се движеле и како вашиот град изгледал во нивно време.

Кога ќе ја отворите мапата, во горниот, лев агол ќе здогледате прозорче каде што треба да го напишете името на вашиот град или пак некој друг град, а над планетата може да изберете временски период.




Спонзорирани линкови

Маркетинг