"Дали е тоа тенк?" Мостар во чудо го гледал возилото на патот, Босанците направиле реплика на славниот автомобил на "Тесла"

Точка

10/09/2020

19:45

4.353

Големина на фонт

а а а

Видео снимките на кои се прикажани реплики од единствениот "Tesla Cybertruck" направени во режија на руски авто-ентузијасти, брзо станале вирални на интернет. Меѓутоа, една од нив неодамна била претставена во Босна и Херцеговина и станала хит во светските медиуми.

Имено, фанот на камионетите на "Ford" и на "Cybertruck" на Тесла, Илон Маск од Мостар, не можел да чека "Tesla" во продажба да го пушти првиот електричен камионет со досега невиден и контроверзен дизајн, па веќе оваа година седнал во сопствена и сосема функционална реплика на ова футуристичко возило, пишува "Reuters". 

Осум месеци му биле потребни на експертот по информатички технологии и инженер на компанијата "Stark Solutions", Игор Крезиќ, на основа на камионет "Ford Raptor F-150" да го изработи проектот "Tesla Cybertruck", но на бензински погон.

Првото возење по улиците на градот Мостар привлекло големо внимание, рекол за "Reuters" Марио Чориќ, директор на компанијата.

"Сите гледаа со чудење - што е тоа што вози по улиците? Половина од нив мислеа дека е тенк, бидејќи луѓето не знаат што е "Cybertruck"", рекол Чориќ.

"Stark Solutions" сега се обидува да го регистрира камионетот за да може легално да се вози, но како проблем се покажале острите рабови на возилото, кои се забранети во Босна и Херцеговина, рекол Чориќ во петокот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг