„Избегајте“ од данокот и коронавирусот со луксузна вила на Кајманските острови

Супермен

11/09/2020

17:28

1.573

Големина на фонт

а а а

Кога еден имот го носи името „Sea of Dreams“, очекувано е истиот да биде близу море...

Оваа вила на Кајманските острови ќе ви понуди многу работи освен поглед кон кристалното море - таа се наоѓа на плажа и има одлична положба во сликовитиот даночен рај. Модерната монолитска структура која делува како нешто што можете само да го замислите, нуди приватна плажа и беспрекорен поглед кон заливот. И покрај своите великодушни пропорции, таа останува речиси невидлива од главниот пат и ветува целосна приватност, со врвни погодности за своите сопственици. 


На површина од околу 1500 квадратни метри, главната резиденција нуди 8 спални соби, 7 купатила и 2 тоалети, а поделена е во 3 одвоени крила за оптимална приватност. Централната градба е самото срце на домот, а поседува дневна соба со грандиозни скали и впечатлив лустер. Од една страна се наоѓа кујната и трпезаријата, додека на другата страна е сместено домашното кино. На вториот кат од централната секција се наоѓаат 2 спални соби, 2 купатила и домашна теретана, додека третиот кат поседува библиотека со приватна тераса и неверојатен поглед кон океанот.


Источното крило нуди 2 идентични апартмани кои доаѓаат со спа купатила и вградени гардеробери, заедно со 2 канцелариски простории кои го зафаќаат второто ниво. Западното крило има 2 совршено опремени спални соби со приватни купатила и гардеробери, со дополнителни 2 соби кои можат да се користат како канцеларии, ложи или дополнителни простории за спиење. Во западниот дел се наоѓа и самостојна гостинска куќа со кујна, простор за седење, 2 спални соби и купатило.

Секако, главниот елемент во приказната е базенот кој е најголемиот приватен базен на овој остров. Сликовитиот екстериер е нагласен со лежалки и кујна на отворено. Според проценките, оваа вила ќе се најде на пазарот за продажба по цена од 29 милиони долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk