Honda, Mini, Hyndai, Ford: Кој ја доби битката на „малите тркачи“?

Точка

14/09/2020

20:42

3.875

Големина на фонт

а а а

Нова трка во забрзување во режија на британски Carwow осамна минатиот викенд на YouTube, а главни ѕвезди овојпат не беа супер-спортски автомобили, туку малите таканаречени hot-hatch модели кои заземаат посебно место во срцето на љубителите на автомобилите.

Така „зад линијата“ се најдоа Honda Civic Type R, Mini JCW GP3, Hyundai i30 N и тјунираниот Ford Focus ST.

Сите имаат четирицилиндарски турбо мотори и над 300 коњски сили. Некои притоа се повеќе, а некои помалку практични, но тука акцентот е ставен на нивната трка во забрзување, трка со „летечки старт“ и проверка на сопирачките, пренесува Carwow.

Сепак, треба и да се спомене дека еден автомобил „на хартија“ е помоќен од останатите, а тоа е Mini JCW GP3 - станува збор за посебна лимитирана верзија со 306 коњски сили и 450 Nm максимален обртен момент.

Како изгледаше трката и кој се искачи на тронот, погледнете на видеото подолу.



Спонзорирани линкови

Маркетинг