Незапаметен скандал во Германија - фудбалер влетал на трибина и почнал да дави навивач

Супермен

15/09/2020

11:37

2.653

Големина на фонт

а а а

Шокантна сцена во Германија - по убедлив пораз од својот поранешен клуб Динамо од Дрезден и провокација од трибините, фудбалерот на Хамбург, Тони Лајстнер, решил физички да се пресмета со еден навивач од домашниот тим.

Динамо на својот стадион „Рудолф Харбиг“ убедливо го совлада некогаш моќниот ХСВ со 4:1 и со тоа го исфрли од купот на Германија. 

Лајстнер изненадно го прекинал интервјуто кое го давал на трибините, му пришол на еден навивач на Динамо, го фатил со двете раце и го соборил на земја.

Тони Лајстнер е роден во Дрезден и претходно настапуваше за Динамо, па поради тоа бил на мета на навивач од поранешниот клуб. Фудбалерот на Хамбург тврди дека навивачите му го навредувале семејството и дека поради тоа изгубил контрола.

„Се извинувам поради своето непримерно однесување и можам само да ветам дека ова никогаш повеќе нема да се повтори, без оглед какви навреди ќе ми бидат упатени во иднина“, напишал Лајстнер на Инстаграм и додал:

„Ме навредуваа по натпреварот од трибините во мојот роден град. Тоа обично можам да го поднесам. Но, ова беа најлошите навреди кои се однесуваа на моето семејство, сопруга и ќерка. Едноставно експлодирав“, рекол фудбалерот кој сигурно го чека казна по инцидентот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk