„Новак Ѓоковиќ без маска“: Српскиот тенисер одговарал на необични прашања кои досега ѝ беа непознати на јавноста

Супермен

17/09/2020

12:35

4.091

Големина на фонт

а а а

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, одговарал на прашања надвор од светот на спортот со кој се занимава.

Видеото кое било направено за потребите на „ATP“ е наречено „Новак Ѓоковиќ без маска“ и во таа прилика му биле поставени неколку необични прашања. 

Едно од првите работи кои Новак ги открил е дека апликацијата „без која не може да живее“ (како што гласело прашањето) е Инстаграм:

„Има неколку апликации кои ми се допаѓаат, а помеѓу нив е Инстаграм кој го обожувам. Сепак, не предизвикува толкава зависност во мене да не можам да живеам без него“.


На прашањето дали постои песна која му се допаѓа, но се срами да признае, Србинот одговорил со „не“. Бидејќи продуцентот инсистирал и го прашал дали можеби е некоја песна на Кејти Пери, Ѓоковиќ рекол дека не е и порачал дека е горд на својот музички вкус.

„Песната која одбирам да ја пеам на караоке забави е „Easy Lover“ од Фил Колинс“.

Следното прашање гласело - „која е твојата најлоша навика?“.

„Тоа што доцнам. Работам на тоа да се поправам и сум во процес, тоа трае веќе некои 15 години, но треба време за нешто такво“, признал Новак.

Српскиот ас открил дека бил фасциниран од запознавањето со Роберт де Ниро и дека ананас на пица никогаш не е паметна идеја.

Погледнете го видеото:


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk