Колку чини новиот S-Class на Mercedes?

Точка

17/09/2020

15:41

3.995

Големина на фонт

а а а

Германскиот производител ги објави цените на својата најлуксузна лимузина.

Mercedes на почетокот на септември ја претстави новата генерација на S-Class, а сега се познати и цените на овој автомобил на германскиот пазар.

Оние кои што ќе можат да си ја дозволат оваа прекрасна лимузина ќе треба да издвојат најмалку 93,438 евра колку што чини основниот модел S350d со 2,9-литарскиот дизел мотор. Доколку купувачите се одлучат за верзијата со продолжено меѓуосовинско растојание, ќе треба да издвојат 96,094 евра.

Не пропуштајте: Луксуз на четири тркала: Ова е новиот Mercedes S-Class


Моделот S350d 4Matic со погон на сите четири тркала чини 97,150 евра, а помоќниот S400d 4Matic ја надминува „стотката“, односно чини 103,994 евра.

Следува бензинецот S450 4Matic кој се продава само во верзија со продолжено меѓуосовинско растојание и има почетна цена од 106,650 евра.


Во врвот на понудата е S500 4Matic кој е исто така бензинец и развива 435 коњски сили и 520 Nm максимален обртен момент. Автомобилот со овој погон од 0 до 100 километри на час забрзува за 4,9 секунди, а оние кои ќе се одлучат за оваа лимузина ќе треба да платат најмалку 115,130 евра, додека верзијата со поголемо меѓуосовинско растојание чини 117,786 евра.

Новиот Mercedes S-Class на пазарот пристигнува во декември оваа година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг