Ова е најдобриот филмски лик на сите времиња, а топ 10 листата би можела да ве изненади

Точка

18/09/2020

10:56

5.773

Големина на фонт

а а а

Форест Гамп е прогласен за најдобар филмски лик на сите времиња, барем судејќи според повеќе од 1,1 милиони гласови на љубители на филмови кои учествувале во анкетата на порталот „Ranker“.

Листата на порталот кој сака да рангира нешта вклучува изведби на некои од најголемите актери на сите времиња во култни филмови, епски драми, комедии, акции и суперхеројски филмови и многу други жанрови. 

Најмногу гласови на листата која се уште е отворена за гласање добил Форест Гамп, протагонистот на филмската адаптација на истоимениот роман на Винстон Грум од 1986 година. Филмот на Роберт Земецкис од 1994 година се смета за класика на современата филмографија, а комичната драма која изобилува со цел спектар на различни емотивни превирања го претвори Том Хенкс во еден од најсаканите актери на светот.

На второто место на листата на „Ranker“ се најде Вуди, каубојот од анимираниот филм „Toy Story“ додека на третото место е Т-800, роботот кој го отелотвори Арнолд Шварценегер. Во топ 5 се наоѓаат и Дамблдор од „Harry Potter“ и R2D2 од „Star Wars“.

Најдобрите 20 ликови на сите времиња според листата, можете да ги погледнете во продолжение, како и да гласате за своите омилени ликови на следниот линк.




Спонзорирани линкови

Маркетинг