„Sony“ конечно ја откри цената на новиот „PlayStation 5“

Супермен

18/09/2020

11:30

2.986

Големина на фонт

а а а

„Sony“ конечно откри дека новиот „PlayStation 5“ ќе изнесува 499,99 долари додека верзијата „Digital Edition“ ќе изнесува 399,99 долари.

И двете верзии на конзолата на следната генерација ќе бидат лансирани на 12 ноември. Неодамна и „Microsoft“ ја најави цената на нивните конзоли и потврди дека „Xbox Series S“ ќе изнесува само 299 долари додека водечкиот „Xbox Series X“ ќе изнесува 499 долари. И двете конзоли би требало да пристигнат на пазарот на 10 ноември. 


Иако многумина мислеа дека конзолата на „Sony“ ќе биде многу поскапа, сега добивме потврда дека тоа не е точно и дека „PlayStation 5“ ќе содржи повратна компатибилност за повеќето „PS4“ наслови, што значи дека и на новата конзола ќе можете да ги играте игрите од старите конзоли.

Ваквата информација најавува голем пораст на популарноста на конзолата бидејќи за разлика од гејминг компјутерите за кои денес мора да платите околу 1500 долари, овие конзоли можете да ги купите за многу помалку пари и да уживате во игрите.


Секако, единствениот проблем кој останува и понатаму и е многу проблематичен е цената на самите игри која некогаш знае да ја премине сумата од 100 евра.

Цените на новите игри за конзолата не се познати, но сметаме дека истите ќе останат непроменети.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk