Жената со најголеми гради во Велика Британија: "Не можам да го дофатам воланот"

Точка

18/09/2020

21:06

34.596

Големина на фонт

а а а

Леа Паркер од Лондон вели дека е горда што на 25 години има "најголеми гради" во Велика Британија и дека заработува преку 10.000 фунти на моделинг токму поради нив.

Иако ги сака своите големи гради, и ги прифаќа како дел од себе, Леа сепак се жали дека секојдневнието и е отежнато. 

Наведува дека не може да го дофати воланот, да трча, дека мора да спие со перница на стомакот.

Исто така вели дека некои мажи и даваат негативни коментари и дека "нејзината мајка би требало да се срами", пренесува "Mirror".

Но, Леа, не дозволува коментарите да ја премислат, бидејќи е горда на своето тело и од него одлично заработува.

"Имав пет зафати, првиот го платив сама", наведува Леа, која е висока околу 160 центиметри.

Леа вели дека отсекогаш имала големи гради, и дека тоа и пречело кога била тинејџерка, но дека сега во целост ги прифатила.

"Мажите во мојата индустрија ги обожуваат, и големите гради станаа дел од мојот бренд", вели таа.

Вели дека има болки во грбот и рамената и дека оди во теретана за да остане силна, но и дека ќе оди на операција за намалување на градите кога ќе престане да се занимава со моделинг.




Спонзорирани линкови

Маркетинг