Погледнете како изгледал огласот за првото работно место во „Амазон“

Супермен

21/09/2020

13:42

2.009

Големина на фонт

а а а

Џеф Безос го објавил првиот оглас за работа за првото работно место во „Амазон“ од август 1994 година и е потполно во согласност со начинот на кој Безос и денес го води своето технолошко царство.

„Го објавив својот прв оглас за работа од пред 25 години, кога се уште немав одлучено дека компанијата ќе се нарекува „Амазон“. Како да беше вчера“, напишал Безос. 

Тогашното име на компанијата било „Кадабра“, скратена верзија од магионичарскиот израз „абракадабра“, но истото било променето откако адвокатот на Безос му рекол дека името лошо звучи.

Во огласот се наведува дека бара „исклучително талентирани програмери за помош во зачетокот на интернет трговијата“. И со истите високи стандарди кои Безос денес ги бара, напишал дека кандидатите би требало да бидат во состојба да изградат големи сложени системи „за отприлика една третина од времето за кое повеќето компетентни луѓе сметаат дека е возможно“.


Таа работна етика станала важен принцип во компанијата и му помогнала на Безос да го претвори „Амазон“ во компанија која моментално има пазарна капитализацијa од 866,3 милијарди долари.

Во своето прво писмо до акционерите во 1997 година, Безос внимателното вработување го оценил како „најважниот елемент за успехот на компанијата“.

„Успехот во изминатата година е плод на талентирана, паметна и вредна група и се гордеам што сум дел од овој тим. Поставувањето на високи стандарди во нашиот пристап за вработување беше и ќе биде и понатаму најважниот елемент во успехот на Амазон“, гласи неговата изјава, а 2 децении подоцна, високите стандарди се уште се клучна тема.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk