Што е подобро да пиеме наутро – кафе или чај? Експертите имаат конечен одговор

Точка

21/09/2020

13:52

5.808

Големина на фонт

а а а

Иако поборниците на кето диетата ја практикуваат оваа навика, д-р Руш вели дека тоа дефинитивно не е здраво.

Утринската рутина и малите навики кои што ги имаме сите ние се многу поважни за останатиот дел од денот отколку што многумина мислат.

Често слушаме дека е многу добро да станеме малку порано, па добро е да издвоите време за себе и да уживате во здравиот и хранлив појадок, но и да се напиете некој напиток кој што ќе ве разбуди.

Најчесто луѓето посегнуваат по кафе, но многу од нив пијат вода со лимон или пак чај, а еве што мислат за тоа експертите.

Тоа што секако треба да го испиете наутро е чаша вода, па дури и доколку не сте жедни или пак доколку не сте фан на пиењето на утрински напитоци.

Тоа е тоа што на вашето тело му е најпотребно, да се рехидрира по спиењето, тврди нутриционистот Вик Шанта Ретенли.


Кога станува збор за здравите напитоци, многу од експертите се согласуваат околу една работа - немојте да ги пиете „трендовите“.

Еден од нив е тоа што некои од луѓето во кафето додаваат путер или пак кокосово масло.

„Покрај тоа ниту едно истражување не докажа дека на тој начин ќе изгубите поголем број килограми“ - изјавила д-р Руш.

Уште една работа во која што не се согласуваат експертите е тоа наутро да пиете енергетски пијалаци.

„Многу од енергетските пијалаци содржат кофеин во себе, па доколку ги пиете наутро, мора да бидете исклучително внимателни околу внесувањето на кофеинот во останатиот дел од денот“ - изјавила нутриционистката Ејми Горин.

Водата со лимон е многу здрава, вообичаено се пие топла, а нутриционистот Тоби вели дека е многу здраво наутро да се пие шолја чај, затоа што истата има многу предности кога станува збор за вашето здравје.




Спонзорирани линкови

Маркетинг