Запознајте го кинескиот град „отпорен“ на коронавирус – еве како ќе изгледа

Супермен

21/09/2020

16:11

2.758

Големина на фонт

а а а

Веќе сите се навикнавме на животот во светот кој што е погоден од пандемијата коронавирус, но дали навистина сме подготвени да живееме на таков начин?

Многу од експертите од самиот почеток на пандемијата нагласуваат дека нејзиниот втор бран ќе биде многу поопасен и помоќен од претходниот, што значи дека мора сите заедно да бидеме поподготвени.

Секако, сите се надеваме дека до такво сценарио нема да дојде, но студиото „Guallart Architects“ веќе осмислило пост-Ковид станбени единици за новиот град во Кина, кој што се води според мотото „подобро да се спречи отколку да се лечи“.


Овој самоодржлив град ќе биде изграден во предградието на Пекинг во форма на станбени блокови кои што на станарите ќе им овозможат да живеат со стил, па дури и во текот на карантин.

Таму нема да има само станбени простори туку и канцеларии, базени, продавници, балкони, административни центри и противпожарни станици.

Секоја од градбите ќе биде покриена со оранжерии кои што на станарите ќе им овозможат овошје и зеленчук, а тие ќе бидат сместени под крововите кои што собираат соларна енергија.


Овој локалитет кој што е отпорен на коронавирус го добил името „Xiong“ и ќе содржи четири станбени кули во кинески стил, комбинирани со трговски центар кој што исто така ќе биде покриен со оранжерии.

Секој од становите ќе има свој балкон кој што ќе им дава доволно простор на станарите за да има сончева светлина која што им е потребна во текот на денот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk